Фестивалот, кој е во организација на Детскиот културен центар „Карпош“, е прв фестивал од ваков тип во нашата земја, кој преку едукативни и креативни работилници има цел да ја развие креативноста и љубопитноста кај децата!

Објавил: Владо Марин | 20 август, 2020 19:54

ПРВ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА ДЕТСКАТА КРЕАТИВНОСТ – ТРАМБОЛИНИ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во петок (21.08.2020 година) во 19 часот, на Школката во Градскиот парк, е закажано свеченото отворање на првиот Интернационален фестивал на детската креативност – Трамболини.

Фестивалот, кој е во организација на Детскиот културен центар „Карпош“, е прв фестивал од ваков тип во нашата земја, кој преку едукативни и креативни работилници има цел да ја развие креативноста и љубопитноста кај децата!

На отворањето во Градскиот парк, децата ќе имаат можност да го бараат загубеното богатство, а покрај оваа ќе има и други активности – изработка на фигури од балони, штулари, балерини, катче за боење и изработка на креативни украси, експерименти и пеење песни од ЗОО азбука, а публиката ќе ја забавуваат децата од хорот „Гласот на децата на Скопје“ со своите песни.

Разните активности на фестивалот ќе се случуваат на повеќе локации во градот, дел на отворено, а дел во јавни институции, каде што децата ќе ја развиваат својата креативност во повеќе области – ликовната уметност, музика, филм, литература, природни науки и археологија.

Активностите од фестивалот ќе се реалзиираат во ДКЦ Карпош, Музејот на современа уметност, како и во паркот „Ибни Пајко“ и на на плочникот пред Археолошкиот музеј.

Отворањето и сите понатамошни активности организирани во рамките на  Интернационалниот фестивал на детската креативност – Трамболини ќе се организираат во согласност со протоколите за заштита од Ковид 19.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Во 1871 година го објавил препевот на „Илијадата“, но бил жестоко искритикуван, од бугарската критика бидејќи пишувал на општословенски, а не на бугарски литературен јазик (кој не го знаел добро).

ЗА ЖИВОТОТ НА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ – „СЕРДАРОТ“

Татко му починал кога тој бил шестмесечно бебе, па грижата за семјството паднала врз...

Градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска, денеска присуствуваше на промоцијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и УСАИД, каде беше промовирано „Упатството за огранизирање заеднички наставни часови

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес!

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес! Градоначалничката...