Се работи за жена од Куманово од 57 години, превземено е се од страна на докторите,но за жал не успеале да ја спасат, рече Филипче.

Објавил: Македонка Димкин | 22 март, 2020 15:28

Прв смртен случај од коронавирусот,почина жена од Куманово.

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во текот на вчерашниот ден пристигна повеќе од 150 прашања па се обидовме да ги одговоривме, но не успеавме, па затоа денес ќе се обидам да одговорам на сите и со оглед на тоа дека има многу ќе имам уште една прес конференција во 19 часот, рече Филипче.

Тој потврди дека се потврдени нови 29 случаеви и со тоа бројката на заболени се искачи до 114 од кои најмногу се во Скопје.

На Клиника се 24 пациенти од кои 7 се со маски за кислород, а кај шест ќе се зема контролен брис. Пациентката која беше со влошена здраствена состојба е непроменета и поставена на респираторна машина, а регистриран е и првиот смртен случај.

Се работи за жена од Куманово од 57 години, превземено е се од страна на докторите,но за жал не успеале да ја спасат, рече Филипче.

Двапати е правен тест и покажал негативни резултати, но синоќа бил направен трет и покажал позитивен резултат. Хоспитализиран е и нејзиниот син кој има 33 години и засега е во стабилна состојба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести