Тој пред европратениците истакна дека доколку Македонија и Албанија добијат датум за преговори за влез во ЕУ, тоа би било знак дека ЕУ има стратешки пристап кон нејзиното најблиско соседство.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 јануари, 2020 11:28

Преговорите со Македонија и Албанија се клучни за кредибилитетот на ЕУ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фотоМКД.МК

Гордан Грлиќ Радман, хрватскиот министер за надворешни работи пред членовите на комисијата за надворешна политика на Европскиот Парламент рече дека Западен Балкан е врвен приоритет за хрватското претседателство и во тој контекст отворањето преговори со Македонија и Албанија имаат посебна важност за кредибилитетот на Европската Унија.

Хрватска го прогласи проширувањето кон западниот Балкан како еден од нејзините врвни приоритети за време на нејзиното претседавање со ЕУ во првите шест месеци од оваа година. Во мај во Загреб ќе се одржи лидерски самит на земјите членки на ЕУ и државите од западниот Балкан.

Кредибилитетот на Европската Унија како светски играч треба да го положи тестот на успехот во нејзиното непосредно соседство изјави Радман пред членовите на комисијата за надворешна политика на Европскиот Парламент.Акцентот треба да се стави на стабилноста и безбедноста во непосредното соседство, отпорноста и реформските напори. ЕУ има добри причини да продолжи да се посветува на зајакнувањето на европскиот континент и да не дозволи ниеден регион во Европа да скршне од патот .

Тој пред европратениците истакна дека доколку Македонија и Албанија добијат датум за преговори за влез во ЕУ, тоа би било знак дека ЕУ има стратешки пристап кон нејзиното најблиско соседство.

Хрватска го прогласи проширувањето кон Западен Балкан како еден од нејзините врвни приоритети за време на нејзиното претседавање со ЕУ во првите шест месеци од оваа година. Во мај во Загреб ќе се одржи лидерски самит на земјите членки на ЕУ и државите од западниот Балкан.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.