Од партиските седишта, но и во своите јавни настапи денеска партиите со најави за евентуалните коалиции кои најверојатно ќе бидат официјализирани следната недела.

Објавил: Владо Марин | 19 август, 2021 17:44

ПРЕДИЗБОРНИ КОАЛИЦИИ

Фото/Текст извор: ©24 вести

ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците и Алтернатива не ја исклучуваат можноста да настапат со заеднички кандидат за градоначалник на Скопје на претстојните локални избори.

Од партиските седишта, но и во своите јавни настапи денеска партиите со најави за евентуалните коалиции кои најверојатно ќе бидат официјализирани следната недела.

Актуелниот градоначалник на Гостивар, но и старо-нов кандидат кој повторно ќе бара мандат од гостиварци денеска на прес-конференција посочи дека се многу блиску до коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за повеќе општини, а се разгледуваат и опциите за заеднички кандидат за градоначалник на Скопје.

И Mицкоски денеска со пораки од Гостивар, но се огласи и на својот ФБ статус околу преговорите за коалицирање откако изрази жалење дека Левица не прифатиле коалиција со нив, а лидерот на Левица – Димитар Апасиев пак во врска со ова на ФБ статус напиша дека „Левица не е да донесе некого на власт, туку да стане власт“.

Сепак Мицкоски и покрај ова вели убеден е во своите кандидати и коалицијата која е на праг да ја направи со албанскиот опозициски блок, Алијанса и Алтернатива.

Заев пак со контра изјава, но и порака до неговиот политички опонент Мицкоски дека како што вели и покрај најавите за коалицирање со дел од албанскиот опозициски блок, не научил да се обраќа на сите етнички заедници подеднакво.

Во очекување најдоцна до 25. август кога СДСМ треба да излезе со сите кандидати за градоначалници и официјално останува најавата за коалицирање со ДУИ и БЕСА во одредени општини дел во првиот круг, а дел и во вториот.

Веќе до крајот на месецот се очекува и комплетно да бидат познати имињата на сите кандидати за градоначалници на партиите и на граѓанските коалиции кои ќе ги трчаат изборите на 17. октомври.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.