Царовска одговори дека покачувањето не е популизам пред избори туку се должи на позитивните показатели од реформата за стабилизирање на пензискиот систем. Резултатите биле видливи во јуни и тогаш, како што нагласи „далеку од изборите“, утврдиле дека по сите параметри пензионерите со новиот буџет може да добијат покачување до нивото на раст на просечната плата.

Објавил: Весна Петровска | 1 февруари, 2020 13:20

ПРЕДИЗБОРНО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ: Таргет пензионерите – тие најмногу гласаат во Македонија!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Предизборно зголемување на пензиите, вицепремиерката Царовска изјави на денешната прес-конференција дека јануарските пензии се зголемени за 722 денари.

– За 324 000 корисници на пензија во земјава јануарските пензии, кои ќе ги добијат овој месец, се зголемени за 722 денари. Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска на прес-конференција рече дека покачувањето се должи на стабилизација на пензискиот систем во изминатите две години, реформа со која, како што рече, се заштедени повеќе од 3,7 милијарди денари.

-Но, секако, покачувањето се базира и на приходите кои се зголемија кај работоспособното население и минималната плата која само во минатата година се зголеми за 15 отсто, а просечната плата за 5 проценти. Законски се утврди трето дополнително усогласување на пензиите во нашата држава за сите пензионери со зголемувања од пет проценти вкупно. Со ова добиваме просечната пензија оваа година да изнесува 15.500, а за две и пол години таа пораснала за 1.746 денари, рече Царовска.

Додаде дека за мерката за субвенционирање на придонесите за раст на платите Владата издвоила 2,4 милијарди денари во буџетот на МТСП наменети за пензискиот и за здравствениот фонд.

Царовска одговори дека покачувањето не е популизам пред избори туку се должи на позитивните показатели од реформата за стабилизирање на пензискиот систем. Резултатите биле видливи во јуни и тогаш, како што нагласи „далеку од изборите“, утврдиле дека по сите параметри пензионерите со новиот буџет може да добијат покачување до нивото на раст на просечната плата.

Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Шаип Зенељи соопшти дека во земјава има околу 580 илјади осигуреници, а соодносот е 1,8 вработени на еден пензионер. Царовска додаде дека Фонд може да достигне нула дефицит односно да биде целосно самоодржлив само кога соодносот би бил еден пензионер на тројца вработени.Смета дека сегашниот дефицит може да се преполови и да се постигне постабилна состојба од сегашната ако понатаму се работи на придонесите и на бројот на вработени во реалниот сектор.

Претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите Станка Трајкова ја поздрави одлуката и рече дека со зголемувањето се подига вредноста на просечната пензија во државата.

-Зголемувањето им оди во прилог најмногу на корисници што примаат до просечниот износ на пензија, а тоа се околу половина од вкупниот број на пензионери, рече Трајкова. Во оваа пригода таа побара и проширување на позитивната листа на лекови зашто плаќањето лекови што не се на листата негативно се одразува на пензионерскиот буџет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...

Според податоците на Државниот завод за статистика, пак едно четиричлено семејство за да го помине месецот му се потребни приближно 50 илјади денари, од кои најголем дел, односно околу 20 илјади денари, одат само за храна и пијалоци.

Мерките за ценовниот шок од ноември, граѓаните едвај преживуваат

Кризата навлегува секој ден сè подлабоко во џебот на граѓаните, а власта планира со...