Овој рецепт се вика пица компири и е навистина превкусен но и лесен за подготовка.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 март, 2019 23:03

Предлог рецепт за брз и едноставен ручек- Пица компири

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Компирот е можеби едно од омилените јадења кое оди во комбинација речиси со се.

Исто така може да се каже дека не постои човек кој не го обожава “нејзиното височество”, пицата. Па доколку сте љубител и на двете, а не можете да се одлучите што да приготвите, слободно направете комбинација од компир и пица. Овој рецепт се вика пица компири и е навистина превкусен но и лесен за подготовка.

Потребни состојки

  • 8 големи компири
  • 3 лажички вегета
  • 300 гр шунка за пица
  • 500 мл сос од патлиџан
  • 4 лажици маслиново масло
  • 2 лажички оригано
  • 300 гр моцарела

Начин на подготовка

Најпрво убаво измијте ги компирите, а потоа добро исцедете ги, треба да бидат добро исушени..

Потоа постепено секој компир засечете го. Внатрешноста наполнете ја со вегета и ставете ги компирите во плех за печење. Наполнете го дното со вода. Печете 30 минути во претходно загреана рерна на 200 ° C. 

Десетина минути пред да бидат готови, извадете ги компирите и во засекот ставете шунка а потоа прелијте ги со доматен сос со оригано и масло. На секој компир поединечно ставете претходно изрендана моцарела или кашкавал, а потоа вратете во рерна да се допечат компирите.

Ваквите пица компири одлично одат во комбинација со пиво. На здравје.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.