Повремено врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на некои места повторно се очекува да наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог ( над 50 л/м2 воден талог).

Објавил: admin@magazin | 9 октомври, 2021 9:06

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ПОРАДИ ИНТЕНЗИВНИТЕ ВРНЕЖИ МОЖНИ ЛОКАЛНИ ПОПЛАВУВАЊА! НА ВИСОКИТЕ ПЛАНИНИ СНЕГ

Фото/Текст извор: ©магазин

Денес, како и во текот на следните денови и тоа под влијание на влажна и СТУДЕНА воздушна маса, времето во Македонија ќе продолжи да биде облачно и невообичаено СТУДЕНО за овој период од годината со повремени врнежи од дожд. 

Повремено врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на некои места повторно се очекува да наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог ( над 50 л/м2 воден талог).

Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец и истиот повремено на некои места ќе засилува на интензитет, Темпоературите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО под просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.

Поради НЕВООБИЧАЕНО ниските температури на воздухот кој ја зафатија нашата држава, и понатаму на високите планини ќе има услови за врнежи од СНЕГ.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека во изминатите два дена наврна ГОЛЕМО количество на дожд во поголем дел од државава, а се очекуваат и нови ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи и ново ЗНАЧИТЕЛНО количество на дожд, ќе продолжат да растат нивоата на реките и на езерата во Македонија. Исто така има можност и за локални излевања на реките, особено на оние помали реки, и на оние реки кои се наоѓаат покрај патиштата, со што може да дојде и до локални ПОПЛАВУВАЊА. Токму поради ова особено на возачите им препорачуваме внимателно да управуваат со своите возила, и тоа доколку се движат покрај реките кои се наоѓаат покрај патиштата.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...