Власта и опозицијата да дадат јасни одговори пред граѓаните и да ги судрат своите интереси, е пораката што преку Фејсбук ја испрати Заев, нагласувајќи оти тоа доликува на едно демократско општество.

Објавил: admin@magazin | 26 март, 2019 18:30

Пред вечерашниот ТВ дуел, Заев и Мицкоски напишаа пораки на фејсбук !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред почетокот на ТВ дуелот денеска напишаа пораки на Фејсбук .

Пред почетокот на ТВ дуелот премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев напиша дека во време на демократија и слобода, власта и опозицијата треба да даваат јасни одговори пред граѓаните и да ги судрат своите идеи и аргументи.

Заев напиша дека сите имаме одговорност да бидеме реални и да работиме за доброто на сите граѓани на нашата земја. Премиерот се изјасни дека секој од нас треба да им ги соопшти на граѓаните своите планови за напредокот и своите ставови за најтешките прашања, доколку ги има.

По овој повод Заев, повикува граѓаните да следат го политичкиот дуел вечерва со него и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на Канал 5 во 18:30 часот.

Додека пак лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски напиша дека вечерва ќе збори за вистината и отворено за проблемите на граѓаните, но и за забелешките во однос на постапките на сегашната власт.

-За вистинската вистина, отворено за проблемите на граѓаните, за заевизмот кој ја тоне Македонија, за честа и достоинството која власта сака да го одземе, за неправдите кои ги донесоа, за иднината на нашата земја. Следете ме на „Само вистина” на Канал 5 телевизија во 18:30 часот, порача Мицкоски.

Вечерва од 18:30 часот на емисијата „Само вистина“ на Канал 5, ТВ дуел ќе одржат, премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести