Ванеса е скршена од болка, таа секојдневно на социјалните мрежи објавува емотивни пораки со кои покажува колку и е тешко.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 февруари, 2020 10:27

Пред неа беше животот, но загина- Ванеса со нова трогателна порака која го крши срцето

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вдовицата на трагично починатиот кошаркар Коби Брајант, се уште не може да се совземе по загубата на својот сопруг и нивната 13- годишна ќерка Џиана која загина во хеликоптерската несреќа со својот татко и уште 7 други лица.

Брајант и останатите осуммина жртви ги загубија животите кога приватниот хеликоптер на поранешниот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс се срушил во Калабасас, Калифорнија.

Ванеса е скршена од болка, таа секојдневно на социјалните мрежи објавува емотивни пораки со кои покажува колку и е тешко.

Таа на својот Инстаграм профил објави видео снимка од Коби и Џиана а под неа напиша емотивна порака која го крши срцето.

„Без волја ги препуштам своите чувства на зборовите. Мојот мозок не прифаќа дека Коби и Џиџи веќе ги нема. Не можат во исто време да сфатам дека ги нема двајцата.Додека се обидувам да процесуирам дека го нема Коби, моето тело одбива да прифати дека мојата Џиџи никогаш нема да ми се врати. Се е погрешно. Зошто јас да се будам следното утро, а моето девојче да ја нема таа можност? Лута сум! Пред неа беше животот.Потоа сфаќам дека морам да бидам силна за моите три ќерки. Лута сум што не сум со Коби и Џиџи, но благодарна сум што сум овде со Наталија,м Бјанка и Капри. Знам дека е тоа нормално. Тоа е дел од процесот на тагување.Само сакав да споделам како некој се чувствува кога ќе доживее таква загуба. Боже, би сакала да се овде и оваа ноќна мора да биде готова. Се молам за жртвите на оваа трагедија. Ве молам продолжете да се молите за нив“, напиша Ванеса на Инстаграм.

https://www.instagram.com/p/B8ZavYwDZ5y/

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.