Моштите два дена пред тоа македонската делегација ги донесла од Софија, а неговиот завет да биде погребан во слободна Македонија се исполнил во предвечерјето на прославата на 11 Октомври, Денот на македонското востание против фашизмот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 октомври, 2019 11:25

Пред 73 години со најголеми државни почести, во црквата Св. Спас погребани се моштите на Гоце Делчев

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Днешен.мк

Пред точно 73 години на денешен ден, на 10 октомври 1946 година, во Скопје, во црквата „Свети Спас“, која е скриена во срцето на Старата Скопска чаршија со сите државни почести и пред повеќе илјади граѓани од цела Македонија, биле положени моштите на истакнатиот македонски револуционер и идеолог Гоце Делчев.

Моштите два дена пред тоа македонската делегација ги донесла од Софија, а неговиот завет да биде погребан во слободна Македонија се исполнил во предвечерјето на прославата на 11 Октомври, Денот на македонското востание против фашизмот.

Ѓорѓи Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев е роден во Кукуш во Егејска Македонија на 4 февруари 1872, а неговите останки денес почиваат во гробот во „Св. Спас“.

Македонскиот визионер, организатор и предводник на македонското национално ослободително движење загинал на 4 мај 1903 година во селото Баница. По неговата смрт, на иницијатива на началникот на серскиот гарнизон Тефиков, била дадена наредба неговото тело да се однесе во серската општина и таму да се погребе.

Но, и од Солун била испратена заповед телото на Делчев да се врати во селото Баница и Гоце Делчев таму да биде погребан. Три години подоцна, моштите на Гоце Делчев биле откопани од страна на неговиот соборец Михаил Чаков и ставени во олтарот на црквата во селото Баница, а во 1917 година тој самоиницијативно ги пренел во Софија.

По ослободувањето на Македонија, моштите на Делчев ставени во специјален резбан саркофаг, на кој била испишана пораката „Го заколнуваме поколението, овие свети коски да се однесат во престолнината на слободна и независна Македонија“, ги презела Илинденската организација.

Потоа саркофагот со останките од македонскиот апостол бил изложен во црквата „Света Недела“ во Софија.

Илинденската организација во Софија повеќе од четврт век ги чувала моштитe на Делчев, сè до октомври 1946 година.

Така по 43 години (1903-1946) по смртта на Гоце Делчев, во договор меѓу македонската и бугарската власт во 1946 година, моштите на великанот Гоце Делчев тргнале на патешествие од Софија преку Пиринскиот дел на Македонија кон Скопје.

Извор Денешен.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Историја

Воедно, тој посочи дека ги имаа контактирано сите канцеларии на седумте потписници на Охридскиот рамковен договор и дека не успеал да го обезбеди оригиналниот документ.

ТЕТОВЕЦОТ ИЛИР ЛУМА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ 20 ГОДИНИ ЧУВАЛ ПРИМЕРОК ОД ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР

Илир Лума од Тетово, поранешен член на ПДП, во последните 20 години во домашни услови...

Во врска со моменталната ситуација со македонско - бугарските односи премиерот Заев истакна дека непринципиелната позиција на Бугарија спречи овозможување на првата меѓувладина конференција со ЕУ со што требаше да биде означен почетокот на преговорите.

ЗАЕВ: Нема да преговарам за тоа дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазик

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вчера учествуваше на...

Читам дека во денешна Македонија има лекари кои не знаат латински. Мртов јазик, нели? Не знам како е со правниците, но и во правото, не само Римското право, без познавање на латинскиот не се може.

МИЛЧИН: Државата исчезнува од ден на ден- во Собранието се тргува и на ситно и на ангро

И ДЕНЕС ИСТОРИЈАТА Е УЧИТЕЛКА НА ЖИВОТОТ! Повозрасните граѓани веројатно ја паметат...