Грозно искуство, можевме да се срушиме, рече една од патничките.

Објавил: admin@magazin | 14 декември, 2019 22:03

ПРЕЖИВЕАЛЕ 45 МИНУТИ ПЕКОЛ НА ЛЕТОТ ОД ЗАГРЕБ ДО СПЛИТ: Авионот се тресеше и пропаѓаше

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Подрачјето Каштела го зафати големо невреме со грмежи, поради што два авиони од Загреб не може да слетаат на аеродромот во Ресник.

Еден авион требало да слета во 15.50, а другиот во 16.14 часот, но поради силното невреме продолжиле на југот.

Еден од авионите слетал во Дубровник, а другиот прво продолжил кон југ и некое време кружел над Брача и Хвар.

Поради силната олуја повторно авионот се упатил кон сплитскиот аеродром, како би пробал повторно да слета.

Една од патничките во авионот раскажа како изгледале 45 минути страв во авионот околу Сплит во големата олуја која ја зафати Хрватска, пренесува Јутарни лист.

Уште на почетокот летот каснеше, но кога полетавме се беше нормално. Кога дојдовме пред Сплит започна нашата авантура.

Олујата беше над аеродромот. Ние не бевме во самата олуја, но се се тресеше и тоа траеше повеќе од половина час. Чуството кога пропаѓаше авионот беше ужасно. Мислевме дека се возиме во возот на смртта. Беше страшно и никому не му беше сеедно, раскажа патничката од авионот.

После хаосот и претрпениот страв, авионот успеал да слета, а пилотот добил гласен аплауз.

Грозно искуство, можевме да се срушиме, рече една од патничките.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.