Претставничката на УНХЦР го претстави Глобалниот договор за бегалци и го најави Глобалниот форум за бегалци кој ќе се одржи во декември 2019 година во Женева. Притоа, ја покани државата да даде свој придонес во областите на социјална инклузија на бегалците и искоренување на бездржавјанството.

Објавил: Весна Петровска | 9 јули, 2019 18:23

ПРЕМИЕРОТ ГИ ОТВАРА ВРАТИТЕ ЗА МИГРАНТИТЕ: Заев на бегалците ќе им обезбеди лична карта

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Премиерот Зоран Заев оствари средба со Моника Сандри. За време на средбата се разговараше за тековните програми на Канцеларијата на УНХЦР во земјата и во светот, како и потребата за продлабочување на солидарноста на државите во решавањето на прашањата поврзани со бегалците, информираат владините прес-служби.

Претставничката на УНХЦР го претстави Глобалниот договор за бегалци и го најави Глобалниот форум за бегалци кој ќе се одржи во декември 2019 година во Женева. Притоа, ја покани државата да даде свој придонес во областите на социјална инклузија на бегалците и искоренување на бездржавјанството.

Заев вети дека на сите мигранти ќе им се обезбеди лична документација за да добијат права како другите граѓани на нашата земја

Како што стои во соопштението, на средбата се разговараше  за и околу можното пристапување на Република Северна Македонија кон Конвенцијата на Организацијата на обединетите нации (ООН) од 1961 година за намалување на бездржавјанството, како и за бројот на лица кои би биле опфатени со оваа ратификација и други импликации и натамошна координација.

Сандри посочи дека преземајќи ги овие чекори, Северна Македонија може да стане пример за регионот и пошироко.

Исто така на средбата, беше заклучено дека соработката меѓу Северна Македонија и УНХЦР ќе продолжи со цел да се најдат најсоодветни решенија за институционално-правната рамка за евидентирање на сите лица, на кои треба да им се обезбеди основната лична документација за да се стекнат со правен статус, кој потоа ќе им ги обезбеди сите права што ги имаат и сите други граѓани на нашата земја.

На средбата се разменети мислења за состојбата со бегалците и мигрантите во Регионот и пошироко.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.