Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денес го прославува својот 45. роденден.

Објавил: admin@magazin | 8 октомври, 2019 12:06

ПРЕМИЕРОТ ДУВА РОДЕНДЕНСКИ СВЕЌИ: ДЕНЕС СЛАВИ РОДЕНДЕН!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев денес полни 45 години.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денес го прославува својот 45. роденден.

Зоран Заев е роден на 8 октомври 1974 година во Струмица. Родителите на Заев имаат потекло од струмичкото село Муртино. Заев основно и средно образование завршил во родниот крај. Дипломирал на економскиот факултет во Скопје во 1997 година, а потоа се запишал на магистерски студии на истиот факултет, на студиската програма по монетарна економија. Оженет е со Зорица Заева со која има две деца.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денес го прославува својот 45. роденден.

Професионалната кариера ја започнал во фирмата „Тргопродукт“ – Струмица каде работел во периодот 1997–2003, а во 2001 бил именуван за директор на истото претпријатие. Бил член на управниот одбор на штедилницата „Пеон“ во периодот 1998–2003, како и член во управниот одбор на индустријата за градежни материјали „Еленица“ од 2001 до 2003 година.

Во периодот 2000–2003 ја вршел функцијата претседател на управниот одбор на јавното претпријатие „Комуналец” – Струмица.

Пред да влезе во политиката тој се занимавал со приватен бизнис во родниот крај. Во периодот 2003–2005 бил пратеник во Собранието на Македонија, а потоа се кандидирал за градоначалник на Струмица, функција која ја извршувал во три мандати.

Оженет е со Зорица Заева со која има две деца. Зоран Заев и Зорица Заева се познаваат од средно и се само една година разлика

По оставката на Бранко Црвенковски од челното место на СДСМ во 2013, Заев бил именуван за нов партиски предводник.

Заев претрпел неуспех на парламентарните избори во 2014 по што обвинил за изборна местенка и решил неговата партија да дејствува како вонпарламентарна опозиција.

Во 2015 објавувал нелегално стекнати телефонски разговори на високи владини функционери кои содржеле индиции за организиран криминал.

Истата година го потпишал Пржинскиот договор кој предвидувал техничка влада за организирање на предвремени парламентарни избори во 2016.

По предвремените избори во 2016, партијата на Заев формирала парламентарно мнозинство со пратениците на ДУИ и Алијанса за Албанците, а нивната коалициска влада била изгласана во мај 2017. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.