Првично тоа беше најавено за минатата недела, но беше одложено поради немање конечен договор. Инаку оваа таканаречена „метла“ беше најавувана уште за времето на претседателските избори.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 јули, 2019 10:57

Премиерот Заев денеска ќе ја објави новата „метла“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото гламур.мк

По разрешувањето на неколкумина министри, разместувањето на дел од нив и назначување на нови, денеска ќе бидат соопштени оставките на функционерите од вториот и третиот ешалон и нивните наследници, пишува Фактор.

Првично тоа беше најавено за минатата недела, но беше одложено поради немање конечен договор. Инаку оваа таканаречена „метла“ беше најавувана уште за времето на претседателските избори.

Премиерот денеска ќе ја објави новата метла. Заев најави дека променети ќе бидат од 20 до 25 директори на јавни претпријатија, дирекции, фондови, управи, инспекторати и други, а меѓу нив се очекува десетина да бидат раководители од редовите на ДУИ.

Како што се најавуваше вчера, премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, веќе ги договориле деталите, а завршени се и преговорите со помалите коалициони партнери. Вера по ова прашање имало и неформална точка на дневен ред на редовната владина седница.

Заев најави дека променети ќе бидат од 20 до 25 директори на јавни претпријатија, дирекции, фондови, управи, инспекторати и други, а меѓу нив се очекува десетина да бидат раководители од редовите на ДУИ.

Највлијателни и финансиски најмоќни второстепени државни органи во Македонија се АД ЕСМ, АД МЕПСО, РЕК Битола, Македонски енергетски ресурси, Пензискиот фонд, Фондот за здравствено осигурување, Државни патишта, Македонија пат, Царинска управа, УЈП, Агенција за електронски комуникации, Дирекција за трговско-индустриски развојни зони, АД Македонски Шуми, Македонски навигации, Македонска пошта, Македонски железници Транспорт, Македонски железници Инфраструктура, Регулаторна комисија за енергетика и Инспекцискиот совет.

Останува да се види дали ќе има промени само во инстанците од ваков тип, или пак ќе бидат менувани и директори во здравството, образованието, правда и други области.

Извор: Фактор.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести