При посетата на српскиот претседател Премиерот Заев му поклони икона од светецот св.Пантелејмон!

Објавил: admin@magazin | 14 февруари, 2021 17:52

Премиерот Заев на Вучиќ му поклони икона од светецот св.Пантелејмон

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По примопредавањето на вакцините на граничниот премин Табановце Зоран Заев и Александар Вучиќ отидоа да ручаат во ресторанот Камник.

Ексклузивниот ресторан Камник е популарен по дивечот кој го имаат на менито, како што е гулаш од срна, колбаси од мечка а и добри вина од нивната приватна винарија.
 
При посетата на српскиот претседател Премиерот Заев му поклони икона од светецот св.Пантелејмон!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му го предаде на премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, првиот контингент вакцини што Србија ги донира на таа земја.

Двајцата се сретнаа во 10 часот на преминот Табановце по силната снежна бура, каде што најпрво се поздравија и се прегрнаа, а Вучиќ ја предаде донацијата од 4.688 вакцини Фајзер кој истакна дека овај добар гест е за македонските браќа!

Донесовме 4.688 вакцини, тоа е во прва фаза. Мислам дека тоа е добра вест за нашите браќа, рече Вучиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.