Вака некој со лаги тоа да го злоупотреби е нечесно кон јавноста и нека му е на чест на Милошоски, изјави во септември Заев.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 ноември, 2019 20:22

Премиерот Заев уште во септември најави дека Јанева ќе биде пуштена во куќен притвор

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Се потврдија информациите на пратеникот Антонио Милошоски кажани на лидерската средба во септември дека Зоран  Заев најавил дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе биде пуштена во домашен притвор.

Катица Јанева денеска беше пуштена во домашен притвор.

Тоа се лажги со опашки. Строго ги деманитрам ваквите лаги бидејќи на лидерската средба кога се отвораше дебатата зошто воопшто се преговара кога предметите поминуваат во Јавното обвинителство, мојот коментар беше оти од Ирена Фрчковска сум информиран дека е логично Јанева да бара да ги достави предметите заради одговорност, но веројатно и жената да си бара олеснителни мерки во истрагата заради невлијание на сведоците, невлијание на предемтите. И тоа е коментарот за да продолжиме да преговараме. Вака некој со лаги тоа да го злоупотреби е нечесно кон јавноста и нека му е на чест на Милошоски, изјави во септември Заев.

Линк од текстот од 13 септември –Заев: Изјавите дека Јанева ќе оди во домашен притвор се лажги со опашки.

Извор Лидер.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.