Заев на вчерашниот собир во Демир Хисар пред увезената публика, од цела Македонија, рече дека барал сега да застане и народот позади него?

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 септември, 2018 13:56

Премиерот на втората страна, порача: Секој што бојкотира е противник на државата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот на втората страна, Зоран Заев на синоќешниот граѓански собир во Демир Хисар говореше за значењето на позитивното изјаснување на граѓаните на референдумот за преспанскиот договор кој ги отвора вратите на евроатланнтските перспективи на Република Македонија.

Пријатели имаме огромни кои се тука да ни помогнат и сакам да знаете дека оваа наша земја заедно со пријателите. ќе биде земја за почит, земја каде што ќе биде вредно да се живее, каде што живото ќе ВРЕДИ овде да го планираме.Тоа е првата цела која што сакаме да ја постигнеме. Понатаму Заев рече: Немав дилеми донесов храбри одлуки! и За режимот, и за договорот со Бугарија и за договорот со Грција и терам концептот „едно општество за сите„

Во публиката беше забележан и екс градоначалникот на Центар Жерновски, дали е Жерновски по потекло од Демир Хисар или мораше да биде статист немаме потврда.

Секој што бојкотира, за мене е противник на државата“, изјави премиерот, додавајќи дека „добивме земја која што никој повеќе не ја негира, признаена од сите, каде што живеат Македонци, признаени од сите, што зборуваат македонски јазик, признаен од сите. Европскиот парламент ќе го користи како 26-ти македонскиот јазик….

Одлуките ги носев поради тоа што знам каков народ имаме, знам дека секогаш во Историјата тој носел вистински, исправни историски Одлуки, и убеден сум и верувам до небото во исправноста на одлуките на нашиот народ. Јас знам дека ќе биде мнозинството, огромно мнозинство ќе биде за и дека ќе постигнеме цензус толку неопходен за овој референдум.

904 илјади гласачи треба да бидат излезени во Македонија тоа го знаете сите. Јас можам да разберам некој да биде и против ама да излези и да гласа против. Кога се работи за татковината, одговорност на секој граѓанин е да испорача за татковината……

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.