- Не мојш да го кажеш тоа, ако не си поминала некоја немирна ноќ, мислејќи на него и замислувајќи ја вашата повторна средба.

Објавил: admin@magazin | 6 мај, 2021 21:12

Премногу те сакам за да би те оставил – 2018

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Немој никогаш да му велиш не некому те сакам,  а да незнаеш дали можит да те слушне.

Немој тоа ‘Те сакам’ да ти бидит лесно изговорено и вовлечено како фраза во секој разговор.

Немаш право да му ги кажеш на некој тие два збора, а да не си загрижен додека не се врати дома однекаде, да не се прашаш како му е, дали ги реши проблемите, како да му помогнам нсместо да му се дерам и повредувам.

– Не смееш да ги искористиш тие зборови, ако не те болат и не ги разбираш неговите грижи.

– Не можиш да го кажеш тоа, ако не си поминала некоја немирна ноќ, мислејќи на него и замислувајќи ја вашата повторна средба.

Не си достојна да ги изговориш тие два збора, ако не чувствуваш кога треба само да молчиш, а на неговата грубост наместо со гнев и навреди да му одговориш со нежност.

Немој никогаш да кажеш ‘те сакам’, додека со него не ги поделиш солзите и страдањата.

Не го обезвреднувај постоењето на тие зборови, туку прво почувствувај што значи да се сака.

Прво засакај ги неговите мани, па кажи му дека го сакаш.

Љуби ги неговите уморни нозе и гали ја неговата коса.

Го сакаш навистина кога денот ќе ти помине во размислување на него, кога ќе заспиеш и ќе се разбудиш со иста мисла, без оглед каков ти бил денот, каква била ноќта и колку голем терет влечеш со себе.

Го сакаш навистина кога ќе научиш да го почитуваш, тогаш навистина го сакаш….

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.