Во текот на вчерашниот ден на повеќе места температурите на воздухот надминаа 30 степени, најтопло беше во Гевгелија каде температурата на воздухот се искачи до 36 степени.

Објавил: Владо Марин | 29 јуни, 2020 21:13

ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТНИОТ БРАН – ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ БИДАТ УШТЕ ПОВИСОКИ А УВ ИНДЕКСОТ ЌЕ БИДЕ ЕКСТРЕМЕН

Фото/Текст извор: ©Метео аларм/Магазин.мк

Територијата на нашата држава е под влијание на врел бран кој продира од северните предели на Африка и истиот условува многу топло време, односно многу високи температури на воздухот.

Во текот на вчерашниот ден на повеќе места температурите на воздухот надминаа 30 степени, најтопло беше во Гевгелија каде температурата на воздухот се искачи до 36 степени.

 Денеска ќе биде уште потопло, па така до крајот на денов максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени. Слични температури ќе имаме и во текот на следните неколку денови, што значи и понатаму ќе продолжи продорот на многу топол воздух од северните предели на Африка кон нашата држава.

Во вакви услови, УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА до ЕКСТРЕМНА вредност  и ќе има коефициент некаде од 9 до 10.

Затоа граѓаните да се држат на препораките, односно доколку излегуваат ЗАДОЛЖИТЕЛНО со себе да понесат заштитна опрема (капа  и наочари за сонце), исто така да се конзумираат и што повеќе течности, особено вода.

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...