Препораки до населението од Министерството за животна средина, поради загадувањето на воздухот на повеќе места низ Република Македонија.

Објавил: admin@magazin | 4 декември, 2018 14:37

Препораки од Министерството за животна средина – Не излегувајте без потреба

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

Министерството за животна средина и просторно планирање упатува препораки до населението поради загадувањето и воздухот и надминување на прагот на информирање утврден на вредноста од 100 микрограми на метар кубен.

Како што изјавија од Министерството за животна средина и просторно планирање се препорачува да се користи јавен превоз, возилата да не се употребуваат без потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, парчиња гума и било каков синтетички материјал, како и правилно да се користат печките за дрва во текот на овие два дена.

Исто така Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Република Македонија советува ограничени активности на отворен простор посебно децата,старите лица,болни од хронични болести, оние луѓе што се болни од асма и за сите други лица кои имаат потешкотии со здравјето. Целни вредности и долгорочни честички е надминат на мерните места Скопје – Бутел, Центар, Карпош и Ректорат, Кичево, Куманово, Миладиновци, Струмица, Битола 1, Тетово и Кавадарци.

Последните мерења покажуваат концентрации од 237 микрограми во Центар, 189 во Карпош, 256 кај Ректорат, 232 во Миладиновци и 163 во Бутел.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...