Некои луѓе имаат природно повеќе меланин акумулиран во непцата и тие изгледаат модрикаво потемни.

Објавил: Македонка Димкин | 30 јануари, 2019 22:33

Препораки од нашиот заболекар: Како до здрави заби и холивуд насмевка?

Фото/Текст извор: ©eternadent.com.mk

Некои пациенти се смеат со таканаречена висока насмевка или gumмy smile. Притоа откриваат голем дел од непцата и тоа ја нарушува естетиката на насмевката. Дополнителен проблем претставува доколку линијата на непцата е нерамномерна и несиметрична. Во овие случаи во ЕТЕРНАдент се  користиме ErYag ласерот ( Syneron lite touch) кој овозможува безболно да се воспостави симетријата на таканаречената розево-бела естетика. 

Со користењето на ласерот наместо скалпел за оваа процедура,  најчесто се избегнува потребата од анестезија и шиење.  Ласерот е супер прецизна алатка со која само се отстранува вишокот непце. Постапката е брза и заздравувањето трае многу пократко отколку после класично хируршко реконтурирање на непцата. 

ЛАСЕРСКО ДЕПИГМЕНТИРАЊЕ НА ГИНГИВАТА

 Некои луѓе имаат природно повеќе меланин акумулиран во  непцата и тие изгледаат модрикаво потемни. Кај оние луќе кои се смеат со откривање на непцата (висока насмевка) тоа изгледа прилично неестестки . Моќниот Er:Yag laser ни овозможува да ги отстраниме овие пигментации брзо и безболно во само една посета.

ПОРЦЕЛАНСКИ ФАСЕТИ

Порцеланските фасети се тенки, но цврсти рачно изработени порцелански лушпи кои се цементираат на предната страна на забите со цел да креираат прекрасна насмевка. Вашиот естетски стоматолог во ЕТЕРНАдент ќе направи темелна анализа и мерења лицевата и виличната симетрија  пред да ги дизајнира вашите фасети. Детално ќе поразговара со вас за вашата перцепција за идеална насмевка и тогаш ќе ја реализира со помош на тимот.

Порцеланските фасети се тенки, но цврсти рачно изработени порцелански лушпи кои се цементираат на предната страна на забите со цел да креираат прекрасна насмевка. Вашиот естетски стоматолог во ЕТЕРНАдент ќе направи темелна анализа и мерења лицевата и виличната симетрија  пред да ги дизајнира вашите фасети. Детално ќе поразговара со вас за вашата перцепција за идеална насмевка и тогаш ќе ја реализира со помош на тимот.

Вашите нови фасети треба да се вклопуваат во целокупната лицева естетика, давајќи природен изглед и постигнувајќи израмнување на забниот лак. Сите пациенти после оваа процедура изјавуваат дека нивната самодоверба е драматично поголема како резултат на убавата насмевка.

Како изгледа целата постапка?  Постапката за поставување фасети вклучува две до три посети. Вашиот стоматолог ќе ви прикаже низа на „пред и потоа“  фотографии за да ви ги доближи можните резултати од оваа процедура.

После темелната анализа, направените студио модели, фотографии и дискусија со пациентот околу неговите очекувања и желби за корекција на изгледот на забите, следува првата фаза. Оваа посета е најдолга и претставува подготовка на забите за фасети, со минимално одземање на дел од тврдата забна супстанца (предната површина на забите)  и отпечатување на состојбата со специјални високо прецизни силиконски маси за отпечатување.  Веднаш се поставуваат привремени фасетки со кои пациентот излегува од ординација без потреба било кој да забележи дека минува низ процес на средување на предните заби. Во меѓувреме, со заштитните фасетки можете нормално да функционирате, тие имаат природен изглед и ја спречуваат осетливоста на забите. Најчесто втората посета е и последна, кога готовите фасетки ги цементираме врз забите и ги адаптираме во функција и загриз. Во ЕТЕРНАдент следиме специјален протокол за цементирање со кој ги заштитуваме забите под фасетите и постигнуваме траен успех и естетика.  Понекогаш кога имаме поголема трансформација како предизвик, на фасетите им е потребна корекција, можно е да има потреба од трета посета кога ги добиваме назад со дефинитивните корекции. Високата естетика и прецизност бараат темелно вложување од целиот тим и времето на изработката на фасетите најчесто трае 7-10 дена.

Порцеланските фасети доколку немаат соодветно пасување врз природните заби после кратко време резултираат со неатрактивна насмевка и заболени, зацрвенети и воспалени непца.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...