Во среда локално ќе има повеќе облачност во текот на денот, во вечерните часови на запад ќе има услови за повремен локален дожд и снег на планините.

Објавил: Перо Милчин | 18 февруари, 2020 7:15

ПРЕСВРТ НА ВРЕМЕТО: Студен и влажен бран се движи кон Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До крајот на денов ќе имаме сончево и натпросечно топло време, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Особено Долж Повардарието и во северните предели ветерот ќе засилува на интензитет, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Во среда локално ќе има повеќе облачност во текот на денот, во вечерните часови на запад ќе има услови за повремен локален дожд и снег на планините. Во четврток под влијание на нов влажен и постуден воздушен бран ќе има врнежи од дожд, на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег.

Снежната граница повремено има услови да се спушти и на надморска височина од под 1000 метри, особено во западните и во северните предели.
Сето ова ќе биде проследено и со умерен до засилен ветер од северен правец.

Максималните дневни температури ќе бележат тенденција на опаѓање и во четврток ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени во најтоплите предели од државава.

Постепено затоплување како и стабилизирање на времето ќе имаме веќе од петок па натака, што значи дека влажниот и постуден воздушен бран нема долго да се задржи кај нас.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...