Имено радосната вест рва ја објави нејзината најдобра пријателка Тамара Тодевска , а нејзините најблиски цела вечер славеа за малечката Кира.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 септември, 2019 13:53

Преслатка: Катарина Ивановска ја објави првата фотографија од ќеркичката Кира

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Катарина Ивановска пред два дена се породи по вторпат, а вчера ја објави првата фотографија од ќеркичката Кира.

Имено радосната вест рва ја објави нејзината најдобра пријателка Тамара Тодевска , а нејзините најблиски цела вечер славеа за малечката Кира.

Instagram профилот на Катарина е преполн со фотки и видеа од прославата и честитките, а вчера таа објави и прва фотка од ќеркичката.

Имено за 31-годишната манекенка и нејзиниот партнер ова е второ дете. На бебето му дадоа интересно име, па така  ќерката ќе се вика Кира, по нејзиниот татко Кире Ивановски. Таткото на Катарина е поранешен ракометар кој играл за „Вардар“ и за репрезентацијата на Југославија.

Првата фотографија од ќеркичката Кира

Познатата манекенка, која неодамна го прослави 31. роденден, со сопугот Цобе го имаат двегодишниот син Вања а убавата вест за новиот член во семејството ја сподели нејзината пријателка Тамара Тодевска. 

Во интервју за порталот мајка и дете, Катарина Ивановска по породувањето со нејзиниот син Вања, откри дека го дои, сама го бања, но секогаш има помош и поддршка од партнерот истакнувајќи дека и двајцата се создадени да бидат родители. Според ова може да се заклучи дека тие одлично ќе се снајдат и со новиот член нивната ќерка Кира.

Инаку Катарина Ивановска беше физички активна и во последниот триместар од втората бременост. Таа секојдневно беше во теретана и откри дека во втората бременост покачила само 4 килограми.

Катарина пред неколку дена го прослави својот 31. роденден, па ова е нејзиниот најдобар подарок со мало задоцнување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.