Претседателот на Бугарија, Радев со јасна порака дека Преспанскиот договор ќе ги исчисти и "окупираните" Македонски идеолошките наслаги од минатото во полза на Бугарија

Објавил: Мартин Попоски | 22 октомври, 2018 10:38

Преспанскиот договор е и гарант за историјата на Бугарија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Бугарскиот претседател Румен Радев исто така ја поздрави политичката храброст, лидерство и државничка одговорност кои водат кон приближување меѓу Бугарија и Македонија.

Според него, гласањето на промените во македонскиот устав се само почеток на еден пат кој треба да доведе до уште поголема блискост.

Резултатот од спроведеното гласање на 19 октомври 2018 година во парламентот е важен чекор за Република Македонија по еден долг историски пат. Тој треба да доведе до уште поголема блискост меѓу нашите две земји на принципите на пријателството, добрососедството и соработката. – изјави денеска претседателот на Бугарија.

Радев вели дека “изгледите за развој на нашите билатералните односи и нивното расчистување со идеолошките наслаги од блиското минато се од исклучително значење за зацврстување на поддршката на Република Бугарија за интеграцијата на Република Македонија во Европската унија и НАТО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.