И покрај напорите на грчкиот премиер да го разубеди рускиот претседател, Русија останува на ставот дека заедно со Кина и Турција ќе го оспорат Преспанскиот пред СБ при ОН

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 декември, 2018 6:01

Преспанскиот договор сепак ќе се соочи со вето пред СБ на ОН

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И по средбата Ципрас – Путин останува јасно дека Русата Федерација ќе го блокира Преспанскиот договор пред Советот за безбедност при Обединетите нации и за тоа има огромна поддршка од земјите членки.

По три и пол години, грчкиот премиер Алексис Ципрас го посети рускиот претседател Владимир Путин за да ги одмрзне дипломатските односи помеѓу двете држави, заладени по Преспанскиот договор, и евентуално да се спречи вето на Русија на тој договор во Обединетите нации.

Тоа политиката на Западот, која го поддржува Преспанскиот договор како начин за согласост од Грција за членство на Македонија во ЕУ и НАТО, би можело да ги доведе во непријатна ситуација. – пишува српска “Политика”.

За да се спречи дипломаси шок, Цирпас на Путин, како што самиот кажа, детално му ја објаснил потребата од примена на Преспанскиот договор. Но, грчкиот премиер не бил доволно јасен за тоа дали успеал да го убеди Путин.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за грчкиот весник „Ефимерида тон синдактон“, што е особено индикативно во очи на посетата на Ципрас на Москва, изнесе потврда на ваквиот поглед на Преспанскиот договор.

Во Собранието, на ден 19-ти октомври, со уценување и поткупување на пратеници беа наметнати уставни измени, со директно мешање на странски дипломати, вклучително и амбасадорот на САД (Џејс Бејли). – изјавил Лавров.

Вакви остри оценки изнесе и претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов, кој констатираше дека Преспанскиот договор е противуставен и дека е штетен за македонскиот народ.

Иванов во петокот зборуваше за уставните измени кои се нушни за реализација на Преспанскиот договор, но нагласи дека неговиот кабинет никогаш не размислувал за прогласување на вонредна состојба, но предупреди на заканите по стабилноста на Македонија.

Обраќајќи се на нацијата, Иванов како главно жариште на политичка и безбедносна криза во земјата ја наведе УБК.

Засега, се верува дека Преспанскиот договор на крајот ќе биде официјално прифатен во Македонија и Грција, каде исто така ќе мора да биде прифатен од парламентот, каде премиерот Ципрас е веќе изложен на притисоци, а го очекуваат избори, на кои шансите не му се добри.

Најголема грижа на властите во Скопје доаѓа од истокот, имајќи во предвид дека Русија и Кина, како постојани членки на Советот за безбедност на ОН, имаат право на вето, на кои им се приклучиле и Турција но и огромно мнозинство од 140-те држави кои веќе ја признале Македонија под нејзиното уставно име.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести