Иако се гласаше Буџетот за 2019 година во Парламентот на Грција, Преспанскиот договор, Македонскиот народ и Македонскиот јазик, се поставија како фокусна точка на дискусија

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 декември, 2018 15:00

Преспанскиот договор, стана тема на дискусија и во Грчкиот парламент

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

На последниот ден од расправата во грчкиот Парламент за буџетот за следната година, пред гласањето, иако не беше на дневен ред, Договорот од Преспа, се најде во говорите на претседателите на политичките партии и на дел од пратениците.

Претседателот на најголемата грчка опозициска партија Кирјакос Мицотакис, го коментираше говорот на Ципрас во Солун, минатиот петок

Отидовте во Солун, на еден, да признаеме, не многу успешен собир, за да ги навредите Македонците и тоа кај нив дома. Да го наречете екстремен десничар и националист секој оној кој не се согласува со вашиот договор. Историјата ја толкувавте како што сакате. Дури говоревте и за Граѓанската војна, повторно ширејќи националната поделба. За македонскиот идентитет и македонскиот јазик, ниту збор. – рече Мицотакис.

Тој го спомена и неодамнешниот став на поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, да се спроведе тајно гласање, го праша Ципрас дали се плаши од нешто и порача дека тајно гласање за Договорот од Преспа нема да има.

Господине Ципрас, ми се заканивте дека ќе ме клеветите во Брисел бидејќи реков дека непотребното кратење на пензиите го разменивте со една неприфатлива национална отстапка во скопското прашање. Секако дека не кажавте ништо од ова. –  рече Мицотакис.

Грчкиот премиер, на почетокот на говорот, пред да се осврне на буџетот за следната година, одговори на дел од она што го кажа претседателот на Нова демократија.

Рече дека Мицотакис стигнал „до дното на мизеријата обвинувајќи го премиерот на земјата дека ја продаде Македонија на европските партнери, за да нема кратење на пензиите“.

И ве прашувам, господине Мицотакис: За замена потребни се двајца.  Зошто не кажувате имиња? Со кого направив размена? Со господинот Јункер? Со госпоѓата Меркел? Со господинот Макрон? Со кого ја направив оваа размена? – праша Ципрас.

Во однос на Договорот од Преспа и тврдењата на Мицотакис дека од грчката страна биле направени отстапки во јазикот и националноста, грчкиот премиер ги повтори неговите позиции.

За македонскиот јазик дека е признат во ОН уште од 1977, а во договорот се дефинира дека станува збор за јужнословенски јазик.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.