Поранешниот дипломат, Москопулос, оценува дека ако се чека ратификација во март на Преспанскиот договор, во ОН Русија веќе побара седница за вето во реализацијата на истиот

Објавил: Мартин Попоски | 1 ноември, 2018 10:02

Преспанскиот договор ќе “падне” во Обединетите нации

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Димитрис Москопулос, пензиониран грчки дипломат и поранешен амбасадор во Косово, смета дека Преспански договор, дури и да биде ратификуван во парламентите на Грција и на Македонија, би можел да наиде на пречки во Обединети нации.

Таква можност веќе најавија Турција но и Русија и Кина кои имаат право на вето во Советот за безбедност при ОН.

Ништо не е сигурно во овој свет. – изјави тој во интервју за Балканска истражувачка мрежа (БИРН), повикувајќи се на најавата од Министерство за надворешни работи на Русија од 3 октомври дека ќе побара за Договорот да заседава Советот за безбедност на ОН, бидејќи е во спротивност со меѓународното право и со македонскиот устав.

Според Москопулос, влогот околу договорот од Нивици е поголем за Македонија отколку за Грција, каде што смета дека може да помине само во сегашната политичка констелација во законодавниот дом.

Договорот за името има шанса само ако дојде на ратификација во грчкиот парламент додека сегашната влада е на власт. Ако има избори во Грција пред тоа и Владата загуби, сегашната опозиција ќе го убие. –  смета тој, очекувајќи СИРИЗА да биде поддржана од независни пратеници и на тој начин да ги надомести гласовите против од коалицискиот партнер Независни Грци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести