Инцидентот според МВР започнал како обична вербална расправија помеѓу две семејства, по што ескалирал во вооружен инцидент во кој животот го загуби едно лице од Куманово

Објавил: Мартин Попоски | 1 ноември, 2018 5:53

Престрелката во Диво Насеље однесе и човечки живот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Едно лице им подлегнало на повредите здобиени во престрелката којашто во средата вечерта се одигра во Куманово, во населбата Диво насеље во којашто се ранети уште три други лица

Неофицијално станува збор за извесен Веби Максути.  

Тој бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје откако се здобил со рана од огнено оружје во инцидентот.

На вооружениот иницидент му претходела вербална расправија меѓу членови на семејствата Латифи и Максути, која потоа ескалирала во вооружен инцидент.

Според првите неофицијални информации едно од повредените лица се здобило со прострелна рана од огнено оружје и е во животна опасност, а друго е повредено со остар предмет.

Вооружената престрелка се случила нешто пред 19 часот во близина на маркетот „Арди“, кога лицата идентификувани од полицијата со иницијалите Ф.Л. (61) и В.Л. (46) пукале со огнено оружје кон лицата В.М., Џ.М., Р.М. и М.М. кои се здобиле со повреди.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести