Како отежнители околности наведе што тој веќе со првостепена пресуда има затворска казна за настаните од 27 април 2017 година во Собранието и што се водат и други постапки против него, а како олеснителна ја посочи неговата здравствена состојба.

Објавил: Мате Парлоф | 28 февруари, 2022 16:04

Пресуда во „Титаник“: Затворски казни за Јанкулоска и Јанакиески, условни за Протуѓер и Бришковска-Бошковски

Фото/Текст извор: ©360 степени/магазин.мк

„Титаник“ е првиот случај за кој своевремено, на почетокот на 2016 година, Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отвори истрага!

Четири условни и четири затворски казни беа изречени денеска во Основниот кривичен суд во Скопје за осум лица – поранешни функционери во Владата и во ВМРО-ДПМНЕ, како и други обвинети лица кои на минатото судско рочиште решија да признаат вина во предметот „Титаник“ кој се однесува на кривични дела против изборите и гласањето за парламентарните избори во 2011 и 2014 и локалните избори 2013 година.

Казните што ги соопшти судечкиот совет на чело со судијата Осман Шабани се:

  • Гордана Јанкулоска – затворска казна од 2 години и 6 месеци
  • Мартин Протуѓер – условна казна затвор од 2 години која нема да се изврши ако во рок од 5 години не стори ново кривично дело
  • Миле Јанакиески – затворска казна од 4 години и 6 месеци
  • Билјана Бришковска-Бошковски – условна казна затвор од 2 години која нема да се изврши ако во рок од 5 години не стори ново кривично дело
  • Катерина Веловска – условна казна затвор од 2 години која нема да се изврши ако во рок од 5 години не стори ново кривично дело
  • Киро Тодоровски – условна казна затвор од 2 години која нема да се изврши ако во рок од 5 години не стори ново кривично дело
  • Мунир Пепиќ – затворска казна од 1 година
  • Коста Митровски – затворска казна од 3 години

По изрекувањето на пресудата, обвинителката Лиле Стефанова побара судот да му определи мерка куќен притвор на Јанакиески поради опасност од бегство.

Како отежнители околности наведе што тој веќе со првостепена пресуда има затворска казна за настаните од 27 април 2017 година во Собранието и што се водат и други постапки против него, а како олеснителна ја посочи неговата здравствена состојба.

Неговата одбрана реагираше дека нема потреба од таква мерка и посочи дека обвинителката не дала никаков доказ дека ексминистерот би можел да избега.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести