На патот до судницата Асанж беше сниман со подигната рака со која порачуваше дека нема да се предаде така лесно.

Објавил: admin@magazin | 1 мај, 2019 13:49

ПРЕСУДА: Џулијан Асанж осуден на 50 недели затворска казна !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Британскиот суд го осуди основачот на Викиликс, Џулијан Асанж на 50 недели затворска казна, но оваа казна е само поради тоа што тој не ја почитувал кауцијата од 2012 година.

Денеска во Лондон, основачот на Викиликс, Џулијан Асанж судот го осуди на 50 недели затворска казна, но само поради непочитување на кауцијата кој му беше изречена во 2012 година.

Судот во Лондон го осуди основачот на Викиликс, Џулијан Асанж на 50 недели затвор поради кршење на правилата за условна слобода пред речиси седум години.

На патот до судницата Асанж беше сниман со подигната рака, со која порачуваше дека нема да се предаде така лесно.

Асанж беше уапсен претходниот месец поради тоа што владата на Еквадор му го укина неговиот азил во чија амбасада престојуваше 7 години. Пред судот демонстранти го извикуваа името на Џулијан во знак на негова поддршка.

Тој од почетокот на декември 2010 е во центарот на вниманието на светската јавноста поради објавувањето на тајни документи на Викиликс кои содржат детали за инволвираноста на САД во војните во Авганистан и Ирак.

Џулијан Асанж кој ги негира сите обвинувања, тврди дека позади одлуката да биде испорачан се крие намерата Шведска да го испорачаат на властите во САД.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести