Од неговиот кабинет ја најавија прес-конференцијата која ќе се одржи во Вила Водно уште во текот на вчерашниот ден.

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 август, 2019 10:31

Прес конференција на претседателот Стево Пендаровски закажана во 12 часот!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, закажа прес-конференција во 12. часот.

Од претседателскиот кабинет ја најавија прес-конференцијата која ќе се одржи во Вила Водно уште во текот на вчерашниот ден.

Во соопштението од кабинетот, не се наведува причината , ниту која ќе биде темата на прес-конференцијата, но се претпоставува дека тоа ќе биде аферата со случајот ,,Рекет“.

Обвинителката Лиле Стефанова е повикана во ЈО да даде исказ, а ќе бидат повикани и други лица во случајот Рекет. Ова го велат од Основното Обвинителство за МКД.МК.

– Во врска со тоа дали и други лица меѓу кои и Јанева се повикани да дадат исказ, од ОЈО велат дека во интерес на постапката не можат да откријат, но додаваат дека тоа не значи дека не се повикани и други лица, велат од ЈО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести