Синоптичарите прогнозираа дека денес ќе се "сменат" две годишни времиња, денот ќе започне како летен а ќе заврши со нагло заладување и силен северен ветер

Објавил: Мартин Попоски | 24 септември, 2018 6:53

Претпладне сончево и топло, попладне силен северен ветер и пад на температурата

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во првата половина од денот времето ќе биде сончево и топло со умерен југозападен и западен ветер.

Попладне, а особено кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста со услови за краткотраен дожд на северот и западот од земјава.

Уште попладнето, почнувајќи од север, ќе започне да дува силен северозападен ветер со брзина и од околу 90 километри на час, а тоа ќе услови нагло заладување.

Дневната температура ќе се движи од 26 до 34 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за краткотраен дожд.

Ќе дува силен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 14 до 30 степени.

Од утре времето ќе биде претежно сончево, но ветровито со силен северен ветер, како и значително постудено. Дневната температура во поголем дел од земјава ќе се намали за околу 10, а на места и за 15 степени.

Од среда наутро осетно опаѓање ќе има и кај утринската температура, која на места ќе се спушти и околу нулата. Постепено затоплување ќе има кон крајот на неделата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...