Демонстрантите пред кривичниот суд побараа Претседателот Ѓорге Иванов да го сопре политичкиот прогон врз Никола Груевски

Објавил: Перо Милчин | 7 ноември, 2018 21:03

Претседателот да го сопре прогонот врз Груевски

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Насобрани граѓани, вечерва пред кривичниот суд меѓу кои беа забележани и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски, Невенка Стаменковска, Трајко Вељаноски, Зоран Илиовски, Крсто Јовановски, како и ексградоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, побараа од претседателот Ѓорге Иванов да го прекине, како што велат, прогонот врз експремиерот Никола Груевски.

Граѓаните се организирале самоиницијативно, а целта била да се прекине политичкиот прогон што го врши власта врз експремиерот на Република Македонија, Никола Груевски.

,,Ова е политички прогон. Смешно е што главниот доказ е сè уште во Владата и секојдневно се користи. СЈО има една цел, а тоа е уништување на политичката елита на ВМРО-ДПМНЕ. СЈО е неуставно, а сите докази се прибавени на незаконски начин и не може да служат во судска постапка. Ги охрабруваме судиите да работат во согласност со законите“, рече Трајковски.

Се упатија пораки до претседателот Ѓорге Иванов како единствен политичар со кредибилитет и подршка од народот, овој политички прогон да запре.

Насобрани граѓани пред кривичниот суд, со барање за запирање на политичкиот прогон врз ВМРО-ДПМНЕ

,,Го повикуваме претседателот Иванов, единствениот политичар што има кредибилитет, да донесе одлука да се прекине овој прогон. Упатуваме јасна и недвосмислена поддршка за Иванов. Упатувам и поддршка за Никола Груевски бидејќи сме благодарни за неговите залагања. Тој се бореше за правда, ние ја поддржуваме борбата“, рече Александар Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика