Претседателот Иванов во Вила "Билјана" го пречека Марко кој преплив 25 километри

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 август, 2018 14:02

Претседателот Иванов го прими младиот Марко кој го преплива Охридското езеро

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја, денеска во Вила Билјана во Охрид, го примија Марко Пејчиноски кој го преплива Охридското езеро.

На средбата со младиот Марко претседателот Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, рече дека овој негов херојски подвиг заслужува големо внимание и почит и претставува позитивен пример и мотив за сите млади и талентирани.

–  На свои дванаесет години Марко е европски и светски шампион кој покажа извонредна храброст, пожртвуваност и упорност својствени за врвните спортисти. Ти си наша заедничка гордост. Ти посакувам уште многу идни спортски успеси со кои ќе се гордее Република Македонија, рече претседателот Иванов.

иванов-марко пливач

Марко се заблагодари за поддршката од македонскиот претседател и рече дека благодарејќи на вербата во Бога и поддршката од неговото семејството успеал да преплива 25 километри во лоши временски услови.

Честитајќи за извонредното достигнување на Марко, претседателот Иванов порача дека треба сите безрезервно да го поддржиме и да помогнеме во неговиот натамошен спортски развој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести