Со овој гест и Република Македонија се вбројува во редот на државите, кои ги почувствувала ужасите и страдањата на војната, иако во тој период не била формално држава

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 ноември, 2018 6:04

Претседателот Иванов, на покана од Макрон во недела во Париз

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По покана од францускиот претседател Емануел Макрон, шефот на државата Ѓорге Иванов, во недела, 11 ноември, во Париз.

Иванов ќе учествува на светската прослава посветена на одбележувањето на 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна.

Претседателот Иванов во текот на денот ќе учествува и ќе се обрати на еден од панелите на конференцијата насловена како Париски мировен форум.

На манифестациите во Париз ќе учествуваат претседатели на држави или влади на над 65 држави од светот.

Поканата за претседателот Иванов има посебно значење, зашто со овој гест и Република Македонија се вбројува во редот на државите, кои ги почувствувала ужасите и страдањата на војната, иако во тој период не била држава.

Сепак на нејзината денешна територија се протегал дел од познатиот солунски или македонски фронт, чие пробивање во август – септември 1918 година го забрзал процесот на завршување на Првата светска војна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести