Одговор на Иванов за отворањето на предмет од Антикорупциска за купувањето на станови

Објавил: Узунов Бобан | 16 март, 2019 7:10

Претседателот Иванов: Чесен влегов и чесен ќе излезам од политиката

Фото/Текст извор: ©магазин

Став на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, во врска со поведување постапка за проверка на имотната состојба на претседателот Иванов, од страна на ДКСК: Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, изразува благодарност што Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поведе постапка за проверка на неговата имотна состојба. 

Претседателот на државата во заминување, Ѓорге Иванов, купил два стана на Водно, кои во Катастарот се запишани на име на неговиот син. Во катастарската документација, до која дојде Телевизија 24, со барање за слободен пристап до инфромации од јавен карактер, стои дека за двата стана постои преддоговор за купородажба, зашто зградата е се уште во градба. 

Претседателот Иванов порачува дека чесен влезе во политиката и чесен ќе излезе на крајот од неговиот втор мандат.

Ја охрабруваме Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по овој случај. Но, исто така, ја охрабруваме Комисијата на ист начин да постапи и со сите други носители на државни и јавни функции во Република Македонија, онака како што постапува во случајот со претседателот Иванов. 

Сите пријавени средства во анкетниот лист за имотната состојба на претседателот Иванов по стапувањето на фукцијата претседател се употребени како уплата за купување на еден стан за кој дополнително е земен и кредит. Станот се уште не е исплатен и не е во сопственост на семејството Иванови и поради тоа не може да биде пријавен во анкетниот лист. Кога станот ќе стане нивна сопственост, тогаш и ќе биде пријавен во анкетниот лист за имотната состојба, велат од кабинетот на Иванов.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.