Откако Талат Џафери одби да дозволи обраќање на претседателот Мицкоски пред пратениците, Иванов има законско право да го побара истото, и да ги активира гаранциите од Заев

Објавил: Мартин Попоски | 16 октомври, 2018 13:17

Претседателот Иванов ќе ги активира гаранциите од Заев?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По отворањето на седницата на Собранието на Република Македонија за пристапување на уставни измени, извесно е можна рекација од претседателот Иванов.

Имено, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој по Устав е носител на државноста и суверенитетот, пред да го додели мандатот на Зоран Заев и СДСМ да се обидат да формираат парламентарно мнозинство а со тоа и Влада на Македонија со ДУИ побара и доби писмени гаранции.

Изјавата – гаранциите кои Зоран Заев како претседател на т.н. парламентарно мнозинство ги достави на 16 мај 2017 година на претседателот Иванов со цел да добие можност за мандат за формирање Влада.

Во писмените гаранции, претседателот Зоран Заев во име на СДСМ, како иден можен мандатар, гарантира дека СДСМ и новото парламентарно мнозинство нема да пристапи кон уставни измени по ниту една цена.

Претседателот Ѓорѓе Иванов точно напладне (17 мај 2017 година) му го врачи мандатот за состав на нова Влада на Зоран Заев, истакнувајќи дека му го дава мандатот на Заев кој обезбедил парламентарно мнозинство.

Пречките за состав на Владата се отстранети. Денеска пристапуваме кон исполнување на член од Уставот за определување на мандатар за состав на Владата. – рече во краткото обраќање претседателот Иванов.

Заев рече дека како што ветил и пред граѓаните, а и пред Иванов, испорачал писмо во форма на гаранција, кое е доставено до Кабинетот на претседателот.

И тој потенцираше дека двете пречки за добивање на мандатот, се отстранети.

Прво, гарантираме заштита на унитарноста, суверенитетот, територијалниот интегритет, независоноста и мултиетничноста на Република Македноја.

Гарантирам територијална целина на земјавата, уставниот поредок на државата, како и зачувување на државните интереси.

Гарантираме дека процесот на носење на одлуки за граѓаните ќе биде во согласност со владеење на право, не доведувајќи ја во потчинетост Македонија од страна на друга држава.

Ниту еден документ, декларација, платформа, акт, кој ќе биде во спротивност на горенаведените ставови, нема да бидат услов и основа за дејствување на владата на Македонија. – рече Заев, добивајќи го мандатот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.