Наводите од пријавата, претходно записнички се пријавени и до надлежните инспектори во МВР - СВР Скопје, Одделение за борба со компјутерски криминал.

Објавил: Владо Марин | 2 октомври, 2020 20:38

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЛЕВИЦА – АПАСИЕВ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ ОНИЕ КОИ МУ СЕ ЗАКАНУВАА НЕМУ И НА НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денес, претседателот на Политичката партија Левица и пратеник во Собранието на РМ – проф. д-р Димитар Апасиев, заедно со неговиот адвокатски тим, во архивата на Основното јавно обвинителство Скопје ја поднесоа кривичната пријава против Мерсиха Смаиловиќ од Скопје и уште шестмина други лица кои му се закануваа нему и на членовите на неговото поблиско семејство.

Наводите од пријавата, претходно записнички се пријавени и до надлежните инспектори во МВР – СВР Скопје, Одделение за борба со компјутерски криминал.

Кривичната пријава е поднесена поради постоење основано сомневање за сторено тешко кривично дело: „Ширење на расисистички и ксенофобичен материјал по пат на комјутерски систем“ казниво по член 394-г, ст. 1 од Кривичниот законик на РМ, како и за сторено кривично дело „Загрозување на сигурноста“ – казниво по чл. 144, ст. 4, а во врска со чл. 23 од КЗ (поттикнување).

Очекуваме ОЈО Скопје да постапи по пријавата со истата експедитивност како кога пријавен беше нашиот претседател Апасиев и да ги преземе сите процесни, предистражни и истражни дејствија – слично како во други експонирани случаи, кога како пријавители се јавуваа носители на јавни функции од власта, а нивните заканувачи беа експресно санкционирани (примерите со премиерот Зоран Заев, министерот Оливер Спасовски, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и др.).

Партијата Левица будно ќе го следи текот на истрагата и благовремено ќе ја информира јавноста за постапувањето или непостапувањето на обвинителите од ОЈО по конкретниов предмет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести