Како што соопштија од кабинетот, претседателот со својата одлука сакал да даде пример на останатите граѓани. Имено тој нема симптоми на коронавирус но сепак се одлучил на самоизолација посочувајќи дека тоа е едан од набезбедните превентивни мерки. Де Соуса и овие две недели кога ќе биде во изолација  ќе продолжи да работи од дома.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 март, 2020 10:43

Претседателот на Португалија заврши во карантин поради коронавирусот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

71- годишниот претседател на Португалија, Марсело Ребело де Соуса ги откажа сите јавни обврски во следните две недели. Како што соопштија од неговиот кабинет, тој ќе остане дома поради епидемијата на смртоносниот коронавирус.

Марсело Ребело де Соуса ги откажа сите јавни обврски во следните две недели.

Како што соопштија од кабинетот, претседателот со својата одлука сакал да даде пример на останатите граѓани. Имено тој нема симптоми на коронавирус но сепак се одлучил на самоизолација посочувајќи дека тоа е едан од набезбедните превентивни мерки. Де Соуса и овие две недели кога ќе биде во изолација  ќе продолжи да работи од дома.

Пред извесно време, во претседателската вила кај Де Соуса во посета беа група ученици од училиште кое подоцна беше затворено, откако беше откриено дека еден ученик бил заразен со новиот коронавирус.

Претседателот сепак нема симптоми на болеста, а ученикот кој бил заразен не бил во групата што ја посети претседателската палата.

Во Португалија досега се пријавени 30 случаи на заразени со новиот коронавирус.

Инаку ситуацијата со Коронавирусот станува алармантна. Тој се шири брзо, па денеска во Албанија беа потврдени првите два случаи на инфекција со новиот коронавирус, а се работи за татко и син кои се вратиле од Италија.

Состојбата е стабилна и кај двајцата и за сега немаат никакви компликации, објави албанскиот министер за здравство.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.