Милорад Додик "закупил" двајца витални соработници на Трамп од кампањата за претседателските избори на САД

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 август, 2018 9:32

Претседателот на Република Српска Додик ги ангажира поранешните лобисти на Трамп

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешните соработници во предизборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп во следните три месеци ќе го советуваат претседателот на Република Српска Милорад Додик.

Џејсон Озборн и Мајкл Рунин блиски пријатели и соработници на поранешниот менаџер на штабот на Трамп “Кори Левандовски” пријавиле во министерството за правда на САД дека ќе пружаат лобистички услуги преку својата компанија “Твин рокс глобал” за што наводно би требало да добијат 10.000 долари во следните три месеци.

Компанијата со која управуваат Озборн и Рубин е регистрирана на адреса во куќата во која живее Левандовски.

Во описот на компанијата е наведено дека тие ќе пружаат стратешко насочување и советување во врска со државните работи и односите за јавност во САД.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.