Џорџ Буш помладиот, се потсетува на 2004 година и претходната соработка со претседателот Трајковски, чие име сега го валка како визија за Северна Македонија, како дел од НАТО и ЕУ

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 септември, 2018 6:42

Претседателот на САД кој ја призна Македонија, сега бара да е Северна

Фото/Текст извор: ©гласнаамерика/магазин.мк

И американскиот претседател кој ја призна Македонија под нејзиното уставно име, сега агитита за Северна?

Уште од првиот ден на вашата независност, Соединетите Американски Држави се ваш постојан пријател, рече поранешниот претседател Џорџ В. Буш, во писмо до македонскиот народ, кое вечерва го објави Атлантскиот совет во Вашингтон – пренесе „Гласот на Америка“.

“Американскиот народ се восхитуваше на вашето мирољубиво издигнувње од пепелта на Југославија. Ја почитуваме вашата храброст да се придржувате до демократските вредности и слободните институции. И го поддржуваме вашиот стремеж за остварување на напредок и безбедност во Европа, која е цела, слободна и живее во мир” –  вели Буш.

Тој нагласува дека како претседател на САД имал чест да го поддржи претседателот Трајковски во 2001, кога тој ја оттргнал Македонија од работ на граѓанската војна во правец на општество дефинирано со мултиетничко разбирање и владеење на правото.

“И бев горд кога Соединетите Држави ја признаа Република Македонија под нејзиното уставно име во 2004 година” – рече Буш.

Тој вели дека Договорот од Преспа, сега пред неговата ратификација, е храбар и фер компромис, кој ќе ја стави Македонија на патот кон влез во Европската унија и НАТО, и што ќе осигура светла иднина, која претседателот Трајковски ја имал замислено.

“Ги повикувам сите граѓани на Македонија да учествуваат во носењето на оваа историска одлука и да гласаат на националниот референдум на крајот од овој месец. После една деценија на пречки, сега ја имате моќта да напишете една нова и понадежна приказна за вас, за вашите деца, за вашите соседи и за вашата земја ” – вели Буш во писмото, нагласувајќи дека со нетрпение го очекува денот кога САД гордо ќе и посакаат добредојде на Република Северна Македонија како најнов сојузник и 30-та членка на НАТО.

Буш додава дека претседателот Трајковски бил “човек со интегритет, решителност и, најмногу од се, човек со верба. Тој имаше верба во Господ, верба во својата земја и нејзините луѓе, како и верба во способноста на нејзините лидери да носат мудри одлуки”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.