Обраќањето на претседателот Пендаровски ќе биде пренесувано во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Facebook страницата на претседателот и на YouTube каналот.

Објавил: Владо Марин | 1 август, 2020 15:47

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на Илинден во Пелинце

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати на одбележувањето на државниот празник 2 Август, Ден на Републиката, во Mеморијалниот центар – АСНОМ во Пелинце.

Свеченоста во Пелинце, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, ќе се реализира во согласност со протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници, за бројот на учесниците, здравствено-безбедната организација и движењето, со обезбедено растојание и заштита.

Обраќањето на претседателот Пендаровски ќе биде пренесувано во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Facebook страницата на претседателот и на YouTube каналот.

Претходно, претседателот Пендаровски ќе положи свежо цвеќе пред споменикот во Меморијалниот центар АСНОМ, по повод одбележувањето на 76-годишнината од првото заседание на АСНОМ, стои во соопштението!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани