На сите претседателски избори од 1994-та до денес победувал кандидатот на власта

Објавил: Данаил Михајловски | 19 февруари, 2019 11:13

Претседателски избори: победник, поразен или можен бојкот!

Фото/Текст извор: ©магазин

Од 1994-та до денес се одржале 5 претседателски избори во Македонија и на сите избори без исклучок победник бил кандидатот на партијата на власт, односно никогаш не победил кандидатот на опозицијата. Оваа 2019-та година избирачите по шести пат ќе го бираат шефот на државата на непосредни избори и прашање е дали ќе се повтори правилото пак да победи кандидатот на власта, или опозицијата може да изненади? Или може да се случи бојкот?

  • 1994: Киро Глигоров (власт) 715.000, Љубиша Георгиевски 200.000 гласови (излезност 77%)

  • 1999: Борис Трајковски (власт) 582.000, Тито Петковски (опозиција) 513.000; (излезност 69%)

  • 2004: Б. Црвенковски (власт) 550.000, Сашко Кедев (опозиција) 330.000; (излезност 53,5%)

  • 2009: Ѓорге Иванов (власт) 453.000, Љубомир Фрчкоски 265.000; (излезност 42,5%)

  • 2014: Ѓорге Иванов (власт) 535.000, Стево Пендаровски 398.000; (излезност 54% гласачи)

Од оваа кратка табела може да се заклучат две работи. Прво, само еднаш се случило кандидатот за претседател да победи со огромна разлика, тоа е случајот со Глигоров во 1994 година. И второ, досега не се случило било кој кандидат од онаа партија што во тој момент е опозиција, да победи на претседателските избори. Тоа што вреди да се напомене се изборите во 1999 година, кога во првиот круг власта беше неединствена и излезе со двајца кандидати, Трајковски (ВМРО-ДПМНЕ) и Васил Тупурковски (ДА), додека СДСМ настапи со Тито Петковски. Тогаш резултатот во првиот круг беше водечки за Петковски кој освои 343.000 гласови, Трајковски 220.000 гласови, додека за Тупурковски гласаа 163.000 избирачи. Но, како резултат на коалицискиот договор со ДПА и со користење на сите други алатки на владата, во вториот круг сепак победи Трајковски како кандидат на власта.

Проф. Ѓорге Иванов за прв пат е избран за претседател на Р. Македонија во 2009-та година, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, која тогаш беше водечка владеачка партија. Но, дури и во такви околности, неговиот избор не беше до крај сигурен заради малата излезност. На крајот, со замолница од Груевски до Ахмети, ДУИ сепак мотивираше дел од своите гласачи да излезат на избори во последен момент и така се стигна до излезност од 42,6% гласачи, што е малку над потребниот законски цензус.

Според изборниот законик треба да гласаат минимум 40% од запишаните избирачи, што е околу 720.000 гласачи, за изборите да бидат успешни. Изборниот циклус од 2004-та година јасно покажува дека дури и со учество на двајца кандидати во вториот круг (Иванов v.s Фрчкоски) не е лесно да се префрли цензусот од 40% излезеност. Тоа става до знаење дека доколку некоја од поголемите партии повика на бојкот, тогаш е многу тешко да се стигне до потребната излезност. Или доколку самите граѓани, јавни личности или здруженија на граѓани повикаат на бојкот на изборите, без разлика дали причината е разочараност од власта или протест кон политичкиот естаблишмент, и во таков случај нема да биде лесно да се стигне до 720.000 излезени гласачи и бојкотот може да ги направи претседателските избори неуспешни. 

Под претспоставка изборите за претседател да бидат неуспешни заради немање на 40% цензус, Уставот пропишува дека мора да се организираат нови избори за претседател. По консултациите со повеќе професори по уставно право се дојде до заклучок – недореченост и правна празнина – уставотворците не предвиделе рок до кога мора да се распишат новите претседателски избори ако не се исполни цензусот. Во секој случај, неисполнувањето на цензусот би бил пораз за власта, но исто така и политичка криза која ќе мора да бара излезното решение во заеднички договор за реформа на изб.законик и намалување на цензусот од 40%.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...