Игор претрча низ собраниската сала и скокна во прегратките на Ана, која силно го прегрна

Објавил: Перо Милчин | 27 октомври, 2022 6:13

ПРЕУБАВА СЦЕНА ВО СОБРАНИЕТО: Синот на Ана Брнабиќ и дотрча во прегратка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерката Ана Брнабиќ вчера во Собранието на Србија положи заклетва со членовите на новата влада и вети дека ќе и биде лојална на Република Србија и ќе ги почитува Уставот и законите.

Церемонијата на заклетва од галеријата на собраниската сала ја следеа партнерката на премиерката Милица Ѓурѓиќ и нивниот тригодишен син Игор.

Ана Брнабиќ во прегратка со синот Игор

 

Игор претрча низ собраниската сала и скокна во прегратките на Ана, која силно го прегрна!

Со 157 гласа „за“ и 68 гласа „против“, српските пратеници вчера изгласаа нова влада на Србија, која повторно, како претседателка, ќе ја предводи Ана Брнабиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.