Според информациите што ги пренесува германски „Билд“, пак, во авионот наводно биле пилот, еден маж, една жена и нивната ќерка!

Објавил: Перо Милчин | 5 септември, 2022 5:31

Приватен авион се урна во Балтичкото море

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пилотите од авионите од земјите на НАТО кои го следеле приватниот авион откако пријавил проблеми, не можеле да препознаат дали има некој во пилотската кабина.

Според информациите што ги пренесува германски „Билд“, пак, во авионот наводно биле пилот, еден маж, една жена и нивната ќерка!

Приватен авион се урна во Балтичкото море во близина на летонскиот брег, соопшти шведската спасувачка служба откако полетале и авиони на НАТО да го следат поради неговиот неправилен курс на летање.

Авионот од типот Цесна 551, регистриран во Австрија, полетал од Херес во јужна Шпанија без одредена дестинација, се наведува на сајтот „FlightRadar24“, а пренесува „Ројтерс“. Авиот свртел два пати, кај Париз и Келн, пред да се упати кон Балтикот, надлетувајќи го шведскиот остров Готланд. Сајтот за следење на летови покажува дека попладнето во 17:37 часот тој почнал да губи на брзина и висина.

„Дознавме дека авионот се срушил во морето северозападно од градот Вентсплис во Летонија. Исчезна од радарот“, изјави портпаролот на шведската спасувачка служба.

Хеликоптер на литванските воздухопловни сили, по барање на соседна Летонија, е испратен на местото на несреќата за да трага по лицата.

Од шведската спасувачка служба соопштија дека е пријавено оти не можело да се види кој и колку лица има во авионот.

Според извештајот на германскиот весник „Билд“, пак, авионот требало да слета во Келн, Германија. Според нивните информации, екипажот по полетувањето пријавил проблеми со притисок во кабината и тогаш се прекинал контактот.

И „Билд“ пишува дека авиони од земјите на НАТО, како Шпанија и Франција, полетале за да ја следат ситуацијата со приватниот авион што има проблеми. Според извештајот и на овој медиум, пилотите не можеле да препознаат дали има некој во пилотската кабина. Меѓутоа, според информациите што ги пренесува германскиот весник, во авионот наводно биле пилот, еден маж, една жена и нивната ќерка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.