Ова е втор случај на насилство врз деца за една недела. Јавноста минатата недела беше потресена од видеото од кое се гледаше како скопјанката Ж.П.(59), дадилка на три деца,  во игротеката „Дежа Ву“ го тепа детето кое го чува. И таа е во притвор.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 ноември, 2019 10:15

Приведена уште една дадилка која тепала близначиња

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото скопје инфо

МВР денеска информираше за уште еден случај на насилство врз деца извршено од дадилка.

-На 27.11.2019 во 12.50 часот во Полициската станица Центар Н.С.(33) од Скопје, пријавила дека нејзините деца близнаци во нејзиниот дом на ул.„Загрепска“ биле физички и психички малтретирани од А.К.(55), која била ангажирана како нивна дадилка. А.К. е приведена, а за случајот е известен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Шокантно видео излезе во јавност, корисниците на социјалните мрежи згрозени.

Ова е втор случај на насилство врз деца за една недела. Јавноста минатата недела беше потресена од видеото од кое се гледаше како скопјанката Ж.П.(59), дадилка на три деца,  во игротеката „Дежа Ву“ го тепа детето кое го чува. И таа е во притвор.

Мајката била ѓокирана кога ја видела снимката и веднаш го однела детето на преглед во болница, каде биле присутни и припадници на МВР односно инспектори за насилен криминал и одделение за имотни деликти и малотничка деликвенција.

По инцидентот, мајката се заблагодарила на персоналот на ресторанот и им кажала дека од видеото видела дека се работи за нејзините три деца.

Видно вознемирена од случката раскажала дека сопругот и работи во странство, а додека таа е на работа, ја ангажирала жената за да ги чува децата.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.