Како што напиша тој тие утринава од страна на полицијата биле однесени во Прилеп и во Македонски Брод, а најверојатно се сомничат за организирање протести на Мечкин Камен. Според други активисти не им било кажано зашто се приведени.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 август, 2019 11:05

Приведени три лица во Крушево

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Активистот за човекови права Ицо Најдовски, на својот Фејсбук профил објави дека е уапсен Драган Угриновски и уште две лица во Крушево.

Како што напиша тој тие утринава од страна на полицијата биле однесени во Прилеп и во Македонски Брод, а најверојатно се сомничат за организирање протести на Мечкин Камен. Според други активисти не им било кажано зашто се приведени.

-Сега зборував со Dragan Ugrinovski. Се наоѓа во полициска кола и фашистите го носат во прилепската полиција. Има уште двајца, Зоран и Рубин, нив ги носат во полиција во Македонски Брод. Илинден 1936, Крушево!, пишува Најдовски на Фејсбук.

Преку видео обраќање Најдовски побара притворените веднаш да бидат пуштени.

 

Извор Лидер.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести