СВР Охрид, денес рано изутрина, во акција, во возило во Охрид, пронајде и одзеде торбица со опојна дрога, марихуана, и приведе еден македонски и пет албански државјани

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 октомври, 2018 13:59

Приведени шест лица, во возило пронајдена дрога

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во акција реализирана утрово, СВР Охрид пронајде и одзеде торбица со опојна дрога марихуана и приведе еден македонски и пет албански државјани.

Торбицата е пронајдена во автомобил марка “Мерцедес” со гевгелиски регистарски ознаки управувано по булеварот “Железничка” во Охрид од В.В. (55) од Гевгелија.

Акцијата, во која се пронајдени и одземени и други предмети, е реализирана поради постоење основи на сомнение дека сега приведените, се сторители на казненото дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Пронајдената торбица со марихуана и останатите предмети, се испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

СВР Охрид дополнително презема и други мерки за целосно документирање и расветлување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести