Журки во Скопје!

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 јануари, 2021 15:40

Приведени 13 лица на две домашни забави во Скопје – не ги почитувале мерките за заштита од ковид-19!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Приведени 13 лица на две домашни забави во Скопје – не ги почитувале мерките за заштита од ковид-19!

На 17.01.2021 во 02.45 часот, по претходно добиени сознанија дека во стан на ул.„Рајко Жинзифов“ во Скопје има гласна музика и не се почитуваат мерките за заштита од ковид-19, полициски службеници од СВР Скопје, врз основа на судска наредба, извршиле контрола во станот, сопственост на С.Г.(34) од Скопје. Притоа, во станот бил затекнат сопственикот и К.Д.(33), Ф.Т(25), С.С.(27), Е.Ј.(26), Е.Р.(35), Р.М.(29), Т.Т.(26). 
 
Во истиот период, во координација со Јавен обвинител, од страна на Единицата за внатрешни работи Центар и интервентната полиција, во стан на ул.„Елисие Поповски Марко“ биле  затекнати пет лица кои правеле забава, и тоа К.З.(20), Б.Л.(20), Р.А.(20), С.К.(21), сите од Скопје и В.П.(20) од Битола.
Сите 13 лица биле лишени од слобода и приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот  законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести