Пред неколку дена во гостување на Телевизија Алфа, Љупчо Палевски- Палчо, активистот и претседател на движењето „Трета“, јавно обвини дека зад нападот стои власта, односно како што истакна Заев и Мијалков.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 септември, 2020 17:43

Приведено е едно лице за нападот врз Палевски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека е приведено едно лице за нападот врз бизнисменот Љупчо Палевски. Имено тој не даде повеќе детали и не откри за кого се работи. 

За потсетување, бизнисменот Палевски беше нападнат на 17 септември од две лица со метален предмет кај неговиот дом во близина на трговскиот центар Буњаковец во Скопје, кога тргнал како што посочи на пат за накај својата викендица.

Инаку пред неколку дена во гостување на Телевизија Алфа, Љупчо Палевски- Палчо, активистот и претседател на движењето „Трета“, јавно обвини дека зад нападот стои власта, односно како што истакна Заев и Мијалков.

-Тие беа наркомани, дилери, со мали скутери кои разнесуваат дрога низ градот, за грам –два, очигледно дека подземјето работи со власта, со политичката елита која бара вакви услуги од време на време, не само што ги обвинувам јавно, точно знам кои се, тоа се господинот Заев и Мијалков. За ова имам и сведоци, подготвени на суд, на кое место и кога ми се заканил дека планира да ме стави во буре со киселина да не постојам – рече тој на Алфа.

Се уште не е потврдено дали е вистина она што го тврдеше Палевски, а се очекува министерот Спасовски да даде конкретни детали за напаѓачите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.